Клубот од Париз за овој скандал е казнет со два натпревари на кои ќе треба да ја затвори трибината на која се најжестоките навивачи.
Четворица играчи на Пари Сен Жермен се суспендирани поради хомофобични изјави.
Коло Муани, Усман Дембеле, Ахраф Хакими и Лаивин Курзава се казнети со по еден натпревар во националниот шампионат, објави француската Лига 1.
Имено, на 24 септември, по мечот со Олимпик од Марсеј, заедно со навивачите на својот клуб, споменатата четворка испеа навредливи песни упатени до претседателот на Олимпик.
Клубот од Париз за овој скандал е казнет со два натпревари на кои ќе треба да ја затвори трибината на која се најжестоките навивачи.
„Клубот жали што Дисциплинската комисија одлучи да спроведе прекумерна мерка, која најверојатно ќе ја уназади работата за дијалог и превенција што клубот ја спроведува со навивачките здруженија и владините институции. Свесни сме за важноста на оваа борба и симболиката на одлуката, затоа и нема да поднесеме жалба“ – изјави тој во соопштението за медиумите од Пари Сен Жермен.