ДРАМА И БУНТ ВО САМСУНГ! Работниците стапуваат во штрајк за прв пат во историјата на компанијата, што ќе биде со “паметните телефони”?

Синдикатот што претставува илјадници работници во Самсунг Електроникс денес повика на прв штрајк во историјата на јужнокорејскиот технолошки гигант, основан пред 55 години.

Организацијата, која брои околу 28.000 членови, што е повеќе од една петтина од работната сила на компанијата, најави дека на 7 јуни ќе одржи еднодневен протест за повисоки плати и подобри услови за работа, јавува Би-би-си.

  • Не можеме повеќе да толерираме прогон на синдикатот. Прогласуваме штрајк поради негрижата за работниците од страна на компанијата – рече претставникот на синдикатот на прес-конференцијата.

Раководството на Самсунг Електроникс од почетокот на оваа година преговара со синдикатот за платите, но двете страни досега не успеаја да постигнат договор.

Синдикатот бараше зголемување на платите за 6,5 отсто и бонус поврзан со заработката на компанијата.

Samsung Electronics е најголемиот светски производител на мемориски чипови, паметни телефони и телевизори.

Аналитичарите предупредија дека голем штрајк може да влијае на производството на компјутерски чипови на компанијата, како и на глобалните синџири за снабдување со електроника.