Еве кој ќе ги наследи милионите на Метју Пери

Целиот свет беше шокиран од вестта дека актерот Метју Пери е пронајден мртов пред неколку дена во својот дом во Лос Анџелес во када со топла вода.

Него во несвест го пронашла неговата помошничка околу 16 часот, а од Итната помош можеле само да констатираат смрт.

Инаку, Пери беше еден од најплатените актери во Холивуд и зад себе остави милионско богатство.

Метју Пери добил по 800 илјади долари за секоја епизода во 7-мата и 8-та сезона на „Пријатели“, и до милион долари за секоја епизода во 9-та и 10-тата сезона.

Се проценува дека за улогата на Чендлер Бинг заработил околу 90 милиони долари, пишува „Story.hr“.

Според странските медиуми, се претпоставува дека тој во моментот на смртта имал околу 120 милиони долари.

Освен тоа, Метју Пери бил познат и на пазарот на недвижности во Калифорнија, па во периодот од 2015 до 2021 година продал дури четири имоти, од кои секоја вредела повеќе од 10 милиони долари.

Со оглед на тоа дека Метју Пери немал деца и не бил оженет, целото богатство им припаѓа на неговите родители Џо Бенет Пери (кој и самиот е актер) и неговата мајка Сузан Ленгфорд.