Европратениците ги губат нервите со Милорад Додик и бараат драконски мерки: “Веќе е доста! Време е да добие санкции!“

Тројца клучни членови на Европскиот парламент кои се занимаваат со ситуацијата во регионот побараа од Европската унија конечно да воведе санкции против лидерот на Република Српска, Милорад Додик и да премине од вербални осуди на конкретни акции.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламентДејвид Мекалистер, известувачот за БиХПауло Рангел и првиот човек на делегацијата за БиХРомео Франц, преку заедничка изјава ги повикаа надлежните органи на Европската унија конечно да воведат санкции за Милорад Додик и другите политички лидери во ентитетот Република Српска, чии постапки го загрозуваат територијалниот интегритет и уставниот поредок на Босна и Херцеговина.

Не можеме повеќе да ги толерираме сецесионистите и нивните поддржувачи кои систематски и се закануваат на Босна и Херцеговина“, велат овие претставници во заедничката изјава.

Тие ги осудија одлуките на Собранието на Република Српска за непризнавање на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и сметаат дека тоа е директен напад врз уставниот поредок на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот договор.

Во светло на последните провокативни реакции на претседателот Милорад Додик и другите политички лидери на Република Српска, итно се потребни дополнителни мерки од страна на Европската унијаЕвропскиот парламент во неколку наврати побара од Советот да премине од вербални изјави кон конкретни насочени санкции против оние кои намерно го загрозуваат уставниот поредок и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина

Крајно време е ЕУ и земјите-членки конечно да воведат санкции за Милорад Додик, кој веќе е под санкциите на САД и Велика Британија“, велат во соопштението.

Предупредуваат дека кредибилитетот на ЕУ е доведен во прашање.

Европскиот парламент долго време бара од телата на ЕУ да воведат санкции против Милорад Додик, но Европската комисија и Советот на ЕУ досега ги отфрлаа ваквите повици.