„Егонија“ во САД: Зошто цените на храната имаат рекорден раст

0

Со 59 отсто, цените на јајцата забележаа најголем годишен пораст меѓу сите намирници во САД во декември 2022 година,

Вечната дилема за тоа за тоа што е постаро, јајцето или кокошката, сè уште не е разрешена. Но граѓаните на САД немаат дилеми за тоа кои зошто омлетот кај нив има горчлив вкус. Цените на јајцата во САД достигнаа рекордно ниво предизвикувајќи таканаречена „егонија“.

Според извештајот на американското Министерство за земјоделство, кое ги следи цените на храната, цените на јајцата се зголемија за 59 отсто во декември 2022 година, што е највисок пораст на цените на прехранбените производи од година во година и најголем меѓу сите намирници во земјата.

Просечниот трошок за десетина јајца во американските градови достигна 4,25 долари, што е 1,78 долари повеќе од претходната година. Јајцата се лесни за готвење, богати со протеини и обезбедуваат многу витамини потребни за здрав живот, што ги прави популарен оброк.

Значи, кога цената на јајцата расте луѓето го забележуваат тоа. Во САД постојат две тези за причините за порастот на цените. Првата е поврзана со епидемијата на птичји грип кој предизвика голема смртност кај птиците. Втората теза е дека се работи за нешто подло кое нема врска со едноставната економија.

Еве неколку фактори кои објаснуваат зошто цените на јајцата во САД вртоглаво растат.

Птичји грип

Иако тоа не е единствената причина, птичјиот грип значително влијае на растечките цени на јајцата. Според Центрите за контрола на болести, епидемијата од 2022 година веќе зафати повеќе птици отколку епидемијата во 2015 година.

Птичјиот грип зафати повеќе од 100 видови птици и може брзо да се шири, со стапка на смртност од 90 до 100 отсто кај кокошките. За да се спречи ширењето на птичјиот грип на фармерите им се наложува да убиваат голем број птици одеднаш.

Во текот на изминатата година, околу 43 милиони од закланите 58 милиони погодени кокошки биле кокошки кои носат јајца. Ова придонесува за недостиг од производство на јајца што влијае на цената.

Голема побарувачка

Иако се чини дека птичјиот грип е главниот фактор зад растечката цена на јајцата, навиките во исхраната на потрошувачите исто така играат улога. Според УСДА (USDA), потрошувачката на јајца исто така се зголемила за 17 отсто помеѓу 2012 и 2021 година, па дури и го надминала црвеното месо.

Зголемената цена на јајцата во САД влијае на домашните буџети. Американците последниве години консумираат повеќе јајца, а помалку говедско месо.

Потрошувачката на јајца делумно порасна затоа што повеќе семејства ги консумираат како главна замена за протеини, изјави репортерката на Лос Анџелес Тајмс, Соња Шарп за СиБиЕс Њуз (CBS News).

„Секој од нас јаде приближно онолку јајца колку што една кокошка може да снесе годишно“, рече таа.

Побарувачката на јајца беше поттикната од оддалечувањето од некои протеини со повисока цена во услови на повисока инфлација на храната, објавува УСДА во октомврискиот извештај.

Тим Бурк, сопственик на ресторан говори за широката употреба на јајцата.

„Би рекол дека 70 отсто од нашето мени има јајца или се врти околу јајца или е на некој начин фокусирано на јајцата. Јајцата се во нашите палачинки, во мешавината за вафли, во мешавината на француски тост. Луѓето дури и ставаат јајца на хамбургери, па дури ги има и на ручек. Имаме тврдо варени јајца во нашите салати“, вели Бурк.

Инфлација

Зголемената инфлација е уште една причина за рекордните цени на јајцата, бидејќи фармерите се справуваат со зголемените трошоци за добиточна храна, гориво и работна сила.

Џеф Смит, еден од сопствениците на Какл Хечери во Мисури, изјави за Њујорк Тајмс дека тие наплаќаат повеќе поради зголемените трошоци за работна сила и опрема.

TRT World