ЕДНА ЗЕМЈА ГО ПОВЛЕЧЕЛА АМБАСАДОРОТ ОД ИЗРАЕЛ?! Стопанската соработка е прекината, МНР молчи за шокантните тврдења

Ситуацијата на Блискиот Исток врие!
Бахреин го повлекува својот амбасадор од Израел, Калед Ал-Џалахма , а израелскиот пратеник Ејтан Наех го напушта Бахреин, објави денеска либанската телевизија Ал Мајаден.

Телевизијата јавува и дека е прекината економската соработка , повикувајќи се на соопштение објавено во парламентот на Бахреин, објави „Тајмс оф Израел“.

Ниту Министерството за надворешни работи на Бахреин, ниту Министерството за надворешни работи на Израел не го потврдија извештајот на либанската телевизија.

Во меѓувреме, според „Тајмс оф Израел“, Претставничкиот дом на Бахреин, кој се занимава со законодавни прашања, објави дека Манама го отповикала амбасадорот Калед Ал-Џалахма од Израел. 

Фактот дека соопштението не е издадено од Министерството за надворешни работи укажува дека овој потег е повеќе за да се смири јавноста во Бахреин, отколку знак за вистинска промена на односите, додава израелскиот портал.

Израел вели дека не добил „најава или одлука од владата на Бахреин дека ќе го отповика својот амбасадор“.

– Односите меѓу Израел и Бахреин се стабилни – се наведува во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи на Израел.