Емотивно видео од спасување на бебе од урнатините во сирискиот град Азаз

Дете е извлечено од урнатините во Азаз, по разорниот земјотрес што ги погоди Сирија и Турција, оставајќи многу мртви.

На видеото се гледа како спасувачите го вадат детето од урнатините. Северот на Сирија беше најпогоден од земјотресот.

Сириското Министерство за здравство соопшти дека загинале повеќе од 326 лица, а 1.042 се повредени. Француската медиумска агенција АФП јави дека досега во Сирија се загинати повеќе од 700 луѓе.
Дополнително на тие бројки, спасувачките служби во северозападна Сирија во областите кои не се под владина контрола соопштија дека бројот на загинати е 221.

Вкупно, бројот на загинатите во Турција и Сирија се приближи до 2.000, а се стравува дека ќе порасне уште повеќе.