ЕРДОГАН ИМА МОЌЕН ПЛАН: Еве што испраќа во Африка? Падна силен договор со Путин!

0

Путин доаѓа во Турција

Турција планира руската пченица да ја преработи во брашно , кое потоа ќе го испрати во африканските земји , изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  .

 Пченицата што Русија ја испорачува преку коридорот на Црното Море ќе биде преработена во брашно, а тоа брашно потоа ќе биде испратено во најсиромашните африкански земји и земјите во развој – рече Ердоган, но не прецизираше на кој коридор на Црното Море се однесува, пренесува ТАСС. . 

Тој исто така рече дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ја посети Турција во август, но нагласи дека точниот датум се уште не е одреден. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изјави дека местото и точниот датум на средбата меѓу Путин и Ердоган ќе бидат договорени по дипломатски канали. Тој потсети дека Ердоган го покани Путин да ја посети Турција.