ЕСКАЛАЦИЈА НА НАСИЛСТВОТО – Десетици Палестинци повредени во судирите со израелските војници на Западниот Брег

Голем број луѓе се повредени во инцидентите меѓу израелските војници и Палестинците во Наблус, кој се наоѓа на северниот окупиран Западен Брег, јавуваат странските медиумски агенции.

Според соопштението на палестинската Црвена Полумесечина има бројни повредени од солзавец,испукан од израелски војници.

Еден од повредените е фоторепортер кој професионално ги следел настаните.

Во соопштението на Црвената Полумесечина се наведува дека на тој простор загинале 109 лица.

Инцидентите се случија откако двајца израелски доселеници беа убиени вчера во вооружен напад во Хувара, во северниот дел на земјата.