Зад најубавата насмевка се крие голема тага: Убавата хрватска актерка се разведе, сопругот ги смени бравите од станот
На убавата и талентирана хрватска актерка Миа Беговиќ (61) воопшто не ѝ бил лесен живот. Имено, Миа важеше за една од најубавите жени на територијата на поранешна Југославија. Глумеше во бројни театарски претстави, филмови и серии, а најпозната е по улогите во сериите „Гордоста на Раткаеви“ и „Вила Марија“.
Првпат се омажила во 1990 година со ватерполистот Роналдо Лопатни. Двајцата биле во брак помалку од 10 години и ја добиле ќерката Маја Лена.
По разводот, во 2004 година Миа повторно се омажила, овој пат за претприемачот Жељко Жнидариќ, а љубовта траела шест години, по што следувала уште една разделба.
Иако се чинело дека Миа и Жељко ќе се разделат во добри односи, парот во 2012 година ги полнел страниците во весниците со драмата што ја проживувале во борбата за станот во Загреб каде што живееле заедно.
Додека Миа го снимала реалното шоу „Преживеан“ во далечната Костарика, Жељко ги сменил бравите во нивниот стан за актерката повеќе да не може да влезе. Неколку дена спиела на скалите пред влезната врата. Тој исто така, го ставил станот под хипотека. Таа повикала новинари па дури и ногата ја повредила.
Сепак, најголемиот удар во животот за Миа Беговиќ беше смртта на нејзината сестра, славната и преубава актерка Ена Беговиќ, која загина во страшна сообраќајна несреќа во 2000 година, а во истиот автомобил беше и едномесечната ќерка на Ена, Лана, која ја доби во бракот со Јосип Радељак.