Запален автомобилот на Претседателот на СДСМ во Скопје: БМВ-то на Чомбе пламна како чкорче од кибрит, еве ги сите детали
„Да,возилото мое е изгорено целосно“.
Со овие зборови Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски го започна својот фејсбук статус.
„Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал. Секоја чест на пожарникарите, што пристигнаа за 3 минути, и пламенот не ги зафати куќите.“
„Во Центар“ дознава дека тегетниот автомобил на Галетановски, марка БМВ 520, било опожарено во 2 часот и 50 минути натутро. Според нашите извори целата операција била многу професионално изведена со палење на сунѓерчиња натопени со бензин и оставени под хаубата и гумите на возилото. Според очевидците станува збор за едно лице кое откако го запалило возилото трчајќи го напуштило местото на палењето.
До неодамна Ѓорѓи Галетановски возеше Ауди 5, но по паѓањето на СДСМ од власт се поднови со ново возило БМВ 520. Тој важеше за близок до крилото на Филип Андонов-Сокол, поранешен директор на КПУ Шуто Оризари или познат како „Затворот во Шутка“, кој во месец февруари беше приведен под сомнение дека заедно со други вработени во институцијата „работеле незаконски и биле дел од криминална мрежа“.
Галетановски важеше за близок соработник на Миле Зечевиќ и Зоран Заев и беше првиот политичар именуван на функција во СДСМ, како Претседател на Градската организација, по доаѓањето на Венко Филипче на чело на партијата.
Се очекуваше тој да биде носител на советничката листа на СДСМ во градот Скопје, но во последен момент за носител на таа функција беше одбрана поранешната новинарка Катерина Цаневска.
„Апелирам до министерот, и до Министерство за Внатрешни Работи и надлежните најскоро да го најдат сторителот, не поради финансиска загуба, поради мирен живот во Скопје,и цела држава на сите граѓани.
Има и сејф сити и камери окулу, да се надеваме дека мирот ќе биде вратен.“, додаде Галетановски.
Според информациите, полицијата излегла на местото на опожарувањето и извршила увид, по кој се чекаат нови информации и детали за настанот.