Запленети 5 КГ кокаин – уапсени двајца наркодилери!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Одделот за дрога, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсиле двајца осомничени кај кои е пронајдена поголема количина дрога.

Како што пишуваат српските медиуми, кај осомничените биле пронајдени речиси пет килограми кокаин.

– Вредноста на запленетата дрога е околу 350.000 евра. Осомничените се приведени, истрагата е во тек и по 48 часа ќе бидат изведени на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград – открива извор од истрагата.