ЗА ВЛАДИСЛАВА ВЕЛАТ ДЕКА ИМА ЛИЦЕ НА АНГЕЛ, НО СО СВОЕТО ТЕЛО ГИ ПЛАШИ МОМЦИТЕ: Шокирани се кога ќе видат како изгледа од врат надолу

Владислава Галаган е руска бодибилдерка која живее и работи во Прага, а пред неколку месеци се најде во центарот на вниманието бидејќи и беа украдени видеата и фотографиите.

Руската бодибилдерка Владислава Галаган направи вистинска врева на социјалните мрежи и во светската јавност! Имено, на интернет се појавија неодамна украдени видеа од спортистката. Сепак, убавата бринета предизвикува широк спектар на реакции со својот специфичен изглед, а често е и во центарот на вниманието.

Таа моментално живее и работи во Прага, а кога би виделе слика на која се гледа само нејзиното нежно и многу убаво лице, не би можеле ни да погодите какво мускулесто тело всушност има. Владислава животот го посвети на тренинзите, редовно учествува на натпревари за бодибилдерки, а досега има освоено многу награди.

Поради нејзината градба која може да се спротивстави на машката, таа го доби прекарот Хулк. Во преден план ги истакнува издлабените стомачни мускули, мускулести нозе, затегнат задник, како и огромните раменици и раце. И покрај спротивставените реакции предизвикани од нејзината фигура, Русинката сепак страсно вежба.

И додека некои го осудуваат таквиот изглед, посочувајќи дека им ја убива женственоста, други се фасцинирани. Иако, се чини дека Владислава воопшто не се грижи за мислењето на луѓето, туку ги следи своите цели и соништа и како се обидува да ја истакне својата сексипилност, а често можеме да ја видиме како позира во провокативни фустани.

„Убава девојка, барем додека не и го видиш телото“, „Лице на ангел, тело на ѓавол“, „Срамота е што толку убава жена избра да изгледа како маж“, „Таа е најубавата девојка во светот“ – ова се само дел од најинтересните реакции на социјалните мрежи, каде ја следат речиси половина милион луѓе.