ЗА ВРЕМЕ НА РИБОЛОВ – Повеќе од 50 ајкули го опколиле чамецот, морето “зовре” додека се хранеле (ВИДЕО)
Брачен пар кој ловил жолтоперка туна во близина на брегот на Венеција, Луизијана, снимил прилично страшна глетка.
За време на риболовот морето “зовре”, а околу чамецот се појавија повеќе од 50 ајкули. Сцената е снимена од Дилон Меј од Џексонвил, Флорида и објавена на профилот TikTok на неговата девојка Кејтлин Дикс.
Клипот собра повеќе од милион прегледи, а се прошири и на другите социјални мрежи.
Сцената на ум ми донесе феномен наречен “зовриена туна” и се случува кога рибите се хранат толку брзо и агресивно што изгледа дека морето врие. Меѓутоа, овој пат причината не била туната, туку десетици ајкули кои ги нападнале и изеле овие риби, додека споменатиот пар гледал се.
Некои ајкули удирале во чамецот кој видно се нишал. Парот на крајот успеал да се извлече.