ЗА ЗДРАВО ТЕЛО И БЛЕСКАВА КОЖА: 4 пијалоци кои го забавуваат стареењето

Одредени намирници можат да го забават процесот на стареење, а меѓу нив се и овие 4 од кои може да се направат здрави, природни сокови.

И додека некои пијалоци го забрзуваат стареењето, природните сокови добро делуваат на здравјето на целиот организам, а некои од нив можат дури и да го забават процесот на стареење, бидејќи содржат специфични антиоксиданси, витамини и минерали.

Калинката, меѓу другото, содржи молекула што нашиот цревен микробиом ја претвора во нешто што се нарекува уролитин А. Овој хемиски состав ги одржува нашите митохондрии здрави, а познато е дека митохондријалната дисфункција е еден од белезите на стареењето.

Сок од морков

Морковите се храната која најчесто се споменува кога станува збор за забавување на стареењето. Сокот од морков содржи бројни антиоксиданси кои го забавуваат тој процес. Некои од нив се лутеин и бета каротен, а истражувањата покажаа и дека бета каротенот го намалува ризикот од рак на простата.

Сок од репка

Благодарение на високата концентрација на нитрати, сокот од цвекло ги одржува здрави крвните садови и ги подобрува когнитивните функции. Откриено е дека сокот е поздрав од готвената форма на овој зеленчук.

Сок од грејпфрут

Грејпфрутот содржи посебен вид каротеноид наречен ликопен. Во стручното списание „Food Science & Nutrition“ беше наведено дека ликопенот има подмладувачки ефекти на кожата на средовечните луѓе.