Земјотрес во Србија

Синоќа се тресеше југот на Србија, а како што е наведено на сајтот на Сеизмолошкиот завод на Србија, тресењето на земјата го почувствувале жителите на Лесковац и неговата околина.

Јачината на овој земјотрес беше 2,4 степени според Рихтеровата скала и луѓето можеа да го почувствуваат, но не треба да претставува опасност за инфраструктурата и да предизвика сериозни материјални или други штети, јавија српските медиуми.

По земјотресите во Крагуевац и Брус пред повеќе од седум дена, земјотресот во Лесковац е првиот што луѓето можеа да го почувствуваат.