ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ИТАЛИЈА! Епицентарот е во областа на Сицилија!

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 10 февруари 2025 година во 14:19 часот по локално време, во Италија . Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа на Сицилија.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 2,5 километри под површината на земјата. Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.