Тој му беше омилен Хрват на Аркан: „Често бевме заедно, се беше коректно“ – Раскажува што се случи на Максимир кога почна распадот на Југославија!?

0

Горан Јуриќ забележа 16 настапи за хрватската фудбалска репрезентација.

Горан Јуриќ, поранешен хрватски фудбалски репрезентативец, во својата кариера го носеше дресот на Динамо и Црвена звезда.

Беше актер во неколку историски дуели, добро го памети гостувањето со белградскиот тим на Максимир на неодиграниот меч против Динамо во мај 1990 година, но и првиот дуел меѓу Хрватска и Југославија по војната, кога снема струја во Маракана.

Тој во интервју за  Глас Српска се присети на играњето за Звезда, но и на воениот злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој во тие години беше лидер на Делиите. Во неодиграниот натпревар против Динамо, Аркан беше со играчите на теренот.

„Тој беше таму со нас. Често бевме со него во друштво, често доаѓаше во соблекувалната. Се беше коректно“, рече тој, алудирајќи и на култниот меч меѓу Динамо и Партизан. 

Сините го совладаа белградскиот тим на Максимир со 5:0, а претходно гостуваа во Белград.

„Одигравме многу подобро во Белград отколку во Загреб, иако победивме со 5:0. Пред натпреварот во Белград, 200 членови на Делиите дојдоа во нашиот хотел да ни дадат поддршка. Тоа ни беше прво патување таму по војната и не но тие дојдоа и ни порачаа – да победиме.

Конечно се потсети на играњето за хрватската фудбалска репрезентација. Тогаш тренер беше легендарниот Мирослав Ќиро Блажевиќ, кој неодамна почина по тешко боледување:

„Немам зборови што не сум ги кажал за него, дај боже да се роди некој како него. Беше феномен во се, можеше да ја води државата. Добив покана за репрезентација на 34 години“, рече тој и потоа се сети на анегдоти од мечот со Украина:

„Пристигнавме во Киев, славевме со 2:0 дома, и владееше хаос. Кога Ќиро одржува состанок, секогаш има тензија, никој не смее ништо да каже, а знам дека ќе играм. Велам: Шефе “, а тој возвраќа: „Кажи сине“. „Болан, ќе ги убиеме“. За момент помислив дека ќе ме прати дома, но ја сфати поентата и настана општа смеа“.