Изгорена е платформата за набљудување на Смоларскиот водопад на планината Беласица

Синоќа изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад, додека пожарот ја зафати и околната шума на планината Беласица, соопштија од Територијалната противпожарна единица Струмица.

Пожарот избувнал вчера околу 18 часот, а потоа брзо се проширил и ја зафатил блиската шума на исток кон Беласица.

Смоларскиот водопад се наоѓа над селото Смоларе, во општина Новосела и е една од најголемите туристички атракции во овој регион. Висок е 39,5 метри и е единствениот постојан водопад во државата