Изречени 345 санкции за брзо возење

 Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 345 возачи.

Од нив, како што соопштуваат од МВР, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 205 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и  апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.