Инфантино: Светското првенство за фудбалерки го промени светот

 Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино го сподели своето мислење за Светското првенство за жени 2023 година кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд.

– Многумина мислеа дека ова Светско првенство ќе не чини скапо. Рекоа дека нема да добиеме доволно приходи и ќе треба да субвенционираме. Впрочем, приходот од овој Мундијал изнесува повеќе од 570 милиони долари. Не само што не загубивме пари, туку остваривме и втор најголем приход меѓу сите спортови. Светското првенство за жени навистина ги промени не само Австралија и Нов Зеланд, туку и целиот свет, изјави Инфантино, за „Inside the Games“.

Денес на женскиот Мундијал, репрезентацијата на Шведска ја победи Австралија (2: 0) и го освои третото место. Швеѓанките по четврти пат во историјата освоија бронза.

Во финалето на Светското првенство за фудбалерки 2023 година утре ќе играат Англија и Шпанија.