– Годишната инфлација во Турција, според официјалните податоци, забави на 43,68 отсто во април, што е ублажување пред изборите на кои некои анкети покажуваат дека претседателот Тајип Ердоган се соочува со ризик да изгуби, пред сè поради зголемените животни трошоци.
Нестандардното намалување на каматните стапки што го бараше Ердоган предизвика валутна криза кон крајот на 2021 година, што ја поттикна инфлацијата во Турција да скокне на 85,51 отсто минатата година, што е највисоко ниво во последните 24 години. Во декември ослабна, а во март изнесуваше 50,51 отсто, благодарение на поволниот базен ефект и релативно стабилната лира.
Индексот на трошоците на животот (ИПК) во април покажа пораст на цените од 2,39 отсто во однос на претходниот месец, соопшти денеска турската агенција за статистика.