Канада планира да воведе задолжително предупредување на секоја цигара откако стана прва земја во светот во 2001 година што воведе задолжително предупредување за здравјето на кутиите цигари.
Надлежните служби на Канада најавија дека од следната година ќе започнат нова кампања со цел да се намали потрошувачката на цигари.
Кампањата вклучува и воведување задолжително втиснување на предупредувања за штетноста по здравјето на секоја поединечна цигара.
„Тутунот им штети на децата“ и „Пушењето им штети на вашите органи“ се дел од предупредувачките пораки што пушачите ќе ги видат на секоја купена цигара во Канада.
Така, Канада ќе стане прва земја во светот што става предупредувања на цигарите, а во 2001 година беше и пионер во воведувањето на такво предупредување на кутиите цигари.