– Кина ја објави својата прва национална регулатива за блокчејн технологија.
Цитирајќи го Министерството за индустрија и информатичка технологија на земјата, државниот кинески информативен канал „CGTN“ објави дека новата регулатива „дополнително го забрза процесот на стандардизација на кинескиот блокчејн сектор, поставувајќи основа за висококвалитетен развој на индустријата“.
Блокчејн технологијата, која поддржува трансакција на дигитални средства во реално време, почна широко да се користи кај криптовалутите. Технологијата овозможува ефикасно и проверливо бележење и перманентно следење на трансакциите помеѓу две страни.
Новата регулатива на Кина се фокусира на блокчејн технологиите и дистрибуираната леџер технологија, обезбедувајќи фундаментална и универзално применлива рамка за имплементацијата на блокчејн технологијата и нејзиниот индустриски развој, соопшти дополнително Министерството.
Министерството ја изрази својата посветеност кон интензивирање на напорите за развивање на националните стандарди во оваа област.
Владите во светот сакаат да создадат регулативи за блокчејн технологиите, а 45 земји ги имаат регулирано крипто средствата во правните системи, посочува американскиот тинк-тенк „Атлантски совет“.