Клоп: Доколку не направиме нешто посебно, оваа сезона ќе биде запаметена по 7:0 против Јунајтед

0

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, верува дека навивачите на тимот оваа сезона ќе ја паметат по победата над Манчестер Јунајтед од 7:0.

– Мислам дека ова се моментите на кои ќе се сеќавам кога ќе ја завршам кариерата. Оваа сезона, ако не направиме нешто посебно, ќе остане запаметена по 7:0 против Јунајтед. Се надевам дека за неколку години ќе се каже вака: „Да, таа година го победивме Јунајтед со 7-0“. Се надевам дека ќе пласираме во ЛШ, но ако не, тогаш треба да го прифатиме барем ова, изјави Клоп за „Mirror“.

Тренерот исто така рече дека нагласи дека нема да биде разочаран доколку влезе во Лига Европа.

-Ние ќе земеме се што ќе ни се пружи. Не ни беа такви амбициите пред почетокот на сезоната мислејќи дека влегувањето во Лига Европа ќе биде неуспех. Но, оваа сезона ни даде неколку лекции. И тоа е сосема нормално. Ако влеземе во Лига Европа, ќе играме во тоа натпреварување, ќе ја прифатиме реалноста, потенцира германскиот фудбалски стручњак.

Ливерпул утре ќе му гостува на Тотенхем во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата. Во моментов „црвените“ се на 7.место со 53 бодови од 32 натпревара.