Ковачевски на средба со вонпарламентарните коалициски партнери – тема поддршката за граѓаните во справување со кризата
Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека одржал работна вечера со претседателите и други високи претставници на вонпарламентарните партии, кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ, на која се разговарало за реализација на владината програма, како и за мерките и политиките за поддршка на граѓаните во време на светска економска и енергетска криза.
– Оваа средба, која е дел од низата средби со коалициските партнери на СДСМ, ја искористивме и да поразговараме за заедничките активности кои ги планираме за оваа година и за европската иднина на државата која е наш заеднички приоритет, објави вечерва Ковачевски на неговата Фејсбук страница.
Денешната средба следи по работната вечера на Ковачевски во понеделникот со претседателите и други високи претставници на парламентарните партии со кои СДСМ заедно настапи на последните парламентарни избори и кои се дел од владината коалиција, на која се разговарало за справувањето со последиците на енергетско-економската криза, спорведувањето на владината програма, реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднина на државата.
– Во пријатна атмосфера разговаравме за активностите во претстојната 2023 година, за мерките и политиките на Владата за справување со глобалната енергетска криза, економскиот развој и енергетската транзиција, за имплементација на владината програмата, реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднината на државата, напиша Ковачевски во понеделникот на Фејсбук.
![](https://ci5.googleusercontent.com/proxy/5SsNY0RjvWiW92ZPT3fVgv7zPeTCd3zXr05dTd34CqJ7_aQmNiCARch7Rqv4MFrd9H3Q6cW_x74CwHIK716qXuTskF3N1vXBvnzKs9v2N0DfS-dL8vajOZZokjC3UeRyaOtuap3jwflln_UTHDoV1Q=s0-d-e1-ft#https://mia.mk/wp-content/uploads/2023/01/324783626_865015604716024_5860187639677066458_n.jpg)
Претходно, истиот ден, во седиштето на СДСМ, средба со претставниците на коалициските партнери одржа и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.