Ковачевски – Шолц: Германија ја поздравува Северна Македонија во ЕУ

0

Премиерот на РСМ Димитар Ковачевски имаше кратка средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во рамки на манифестацијата за 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк.

Ковачевски му честиташе на канцеларот Шолц за јубилејното членство на Германија во ОН и големиот придонес на Сојузна Република Германија за стабилноста и безбедноста на нашиот регион, Европа и светот.

Премиерот и се заблагодари на канцеларката за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во последните 30 години, што ја истакнува Германија како еден од најблиските европски партнери на РСМ.

„На средбата беше истакнато дека Германија очекува влез на Северна Македонија во Европската Унија, при што беше истакнато дека европската интеграција и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива за земјата. Државната одлука што мора да се донесе во следниот период е единствената можност да се обезбеди квалитетен живот на македонските граѓани според европските стандарди и да се постигне членство во ЕУ до 2030 година. Во спротивно, како што се оценува, македонските граѓани и државата секако ќе ќе се соочат со долготрајна изолација, што не е во интерес на Северна Македонија, регионот и Европа“, велат од кабинетот на Ковачевски за средбата со германската канцеларка.