„Сметам дека сите носители на листи и сите кандидати ќе го искористат своето право да ги презентираат своите програми пред гласачите, односно гледачите на медиумите така да сосема е нормално дека јас и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме изборно соочување или изборни соочувања на кои што ќе можеме да разговараме за нашите ставови и погледи во однос на политичката иднина на Македонија.“, истакна Премиерот Димитар Ковачевски во своето гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Тој додаде дека ќе биде носител на Изборна Единица 1. „СДСМ и коалицијата ќе победи на избори, затоа што од другата страна имате антиевропска коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Левица и уште некои партии веројатно кои не се за европска интеграција на државата.