Кремљ: Бајден мора да го смени ставот кон Русија за да ги продолжи контактите со Путин

– Власта на Руската Федерација порача дека американскиот претседател Џо Бајден мора да го смени ставот на Вашингтон кон Москва за да ги обнови своите контакти со својот руски колега Владимир Путин.

„Колапсот на целата основа на руско-американските односи се случи на иницијатива на Американците. Значи, во најмала рака, шефот на САД ќе мора да го смени својот став кога-тогаш и да заземе поконструктивен став во врска со билатералните односи. Тогаш ќе созреат услови за состанок“, рече Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ во интервјуто што му го даде на новинарот Павлов Зарубин за телевизискиот канал Rossiya-1.

Одговарајќи на прашањето под кои услови би можеле да се одвиваат контактите меѓу Бајден и Путин, Песков во денес објавеното интервју одговори дека тоа, пред сѐ, мора да биде со задничка желба, со меѓусебна подготвеност и дека мораат да созреат одредени услови за тоа.

Песков нагласи дека Путин во повеќе наврати изразил подготвеност за какви било контакти, додавајќи дека Русија и САД ќе мораат да ги продолжат разговорите на овој или оној начин.

„Односите се на нула или, би рекол, дури под нула. Но сеедно, бидејќи и Америка и ние носиме посебна одговорност за глобалната стабилност и за стратешка стабилност, на овој или на оној начин ќе мораме да ги продолжиме разговорите“, рече Песков.