ЛАВРОВ му порача на Столтенберг: „Ако сакате војна, подготвени сме, целите на специјалната руска операција ќе се исполнат“

Ова го изјави по состанокот на ОДКБ

Ако НАТО изјави дека се противи на замрзнување на конфликтот во Украина, тогаш тоа значи дека тие сакаат да војуваат. Москва е подготвена за тоа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

 Ако НАТО преку Столтенберг повторно се изјасни дека е против замрзнување, како што велат, конфликтот во Украина, тогаш тоа значи дека сакаат да војуваат. Нека одат во војна, ние сме подготвени за тоа –  рече Лавров на прес-конференција по министерскиот состанок на земјите-членки на ОДКБ.

Лавров нагласи дека целите на специјалната руска операција ќе бидат исполнети.