ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕУШТЕ ТРН ВО OKOTO НА БАЈДЕН! Закана за националната безбедност на САД!

Напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции е запрен.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека во согласност со Националниот закон за вонредни состојби, указот за вонредната состојба на Западен Балкан останува на сила.

Актите на екстремистичко насилство и опструкционистички активности, како и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, наведени во овие извршни наредби, продолжуваат да претставуваат невообичаена и извонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Држави –  рече Бајден во пораката до Конгресот, објавена е на веб-страницата на Белата куќа.

Тој посочи дека поради оваа причина е неопходно да се продолжи вонредната состојба прогласена со Извршната наредба 13219 за Западен Балкан.

Според соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа, извршната наредба првично била потпишана на 26 јуни 2001 година, а потоа била изменета со Извршната наредба од 28 мај 2003 година, која била проширена според Извршната наредба 14033 и останува во сила по 26-ти Јуни 2023 година.