ИМА ЛИ СЕУШТЕ НАДЕЖ? СЕ СЛУШНАЛЕ ЗВУЦИ ОД ПОДМОРНИЦАТА: Се огласи крајбрежната стража, потрагата продолжува

Канцеларијата на американската крајбрежна стража објави дека канадски авион P-3 открил подводни звуци во областа за потрага по исчезнатата подморница Титан.

– RC возилата се пренасочени за да се истражат изворите на тие звуци. Возилата пријавиле негативни резултати по претресот, но сепак продолжуваат со работа – објави на Твитер американската крајбрежна стража.

Американската крајбрежна стража додаде дека податоците собрани од канадскиот авион се проследени до американската морнарица, која подетално ќе ги анализира.

Во четвртокот на секои 30 минути се детектираат звуци од удар.

Иако се верува дека до петок нема да има кислород во подморницата, сепак постои надеж дека дотогаш подморницата ќе биде лоцирана и донесена на безбедно.

Веста за лупањето ја пренесоа речиси сите американски медиуми, повикувајќи се на меморандум што го подготвија американски државни функционери.

Во меморандумот не е наведено кога се слушнало удирањето во вторник, ниту колку траело. Сепак, пишува дека е слушнато и регистрирано од сонари четири часа по првото снимање.

Си-Ен-Ен подоцна во вторникот објави дека во новиот меморандум се споменува дека се регистрирани „дополнителни акустични повратни информации“ и дека тоа ќе помогне во „векторирање на површинските ресурси“.

Како што рече, акустичните информации сугерираат дека сè уште има надеж за тимовите за пребарување да ги лоцираат преживеаните.