РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ЗА ЛЕГЕНДАТА НА ЛИВЕРПУЛ И АНГЛИЈА – Причината е повеќе од бизарна, а во целата приказна е вклучено домашно милениче !?

Како што пренесуваат медиумите од Островот, од денеска се бара Даниел Стариџ, легендата на фудбалскиот клуб Ливерпул и Англија.

Во Лос Анџелес е издаден налог за апсење и тоа од бизарна причина.

Даниел Стариџ, според информациите, му должи пари на човекот кој го пронашол неговото домашно милениче односно неговото куче. Според тие изјави, фудбалерот требало да плати 30.000 долари на човекот кој го нашол кучето.

Сè се случило во јули 2019 година, кога Даниел Стариџ јавно понудил награда за оној што ќе успее да го најде неговиот миленик.

Кучето му било вратено на сопственикот, но човекот кој го нашол наводно никогаш не добил награда и сето тоа завршило на суд.