Додека Вил Смит го тепаше Крис Рок на Оскарите, ова се случуваше во позадина: Го мамеа цел свет со години, сега вистината излезе на виделина (фото)

Вил Смит и Џејда не живеат заедно 7 години. Таа кажа дека тие двајца сè уште се обидуваат да сфатат каква иднина носи нивниот брак.

Џејда во интервју за „Пипл“ ја сподели шокантната информација за нејзиниот брак и ги претстави деталите од нивниот брак.

Џејда откри дека таа и Вил не живеат заедно од 2016 година и дека во моментот кога тој му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите во 2022 година, тие биле разделени.

Тогаш Крис се пошегува на сметка на фризурата на сопругата на Смит, поради што актерот го удри со тупаница.

Џејда забележува дека разводот, како и помирувањето не се конечни и дека сè уште се обидуваат да ја поправат врската.

– Работиме навистина напорна работа двајцата. Имаме длабока љубов еден кон друг и ќе видиме што ќе се случи – изјави таа.

Џејда потоа ги пофали своите деца, Џејден (25), Вилоу (22) и Треј (30), кој е син на Вил од претходната врска, затоа што биле тука за неа во овој тежок период во нивната врска.