Ливерпул вечерва го совлада Манчестер јунајтед со 7:0 во натпреварот од 26. коло на Премиер лигата. Средбата се одржа на „Енфилд“, а по два гола постигнаа Мохамед Салах, Дарвин Нуњез и Коди Гакпо, еднаш погоди Роберто Фирмино.
Салах стана најдобар стрелец на Ливерпул во англиската Премиер лига. Сега Египќанецот има 129 гола, еден повеќе од Роби Фаулер.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/03/image-283.png)
Ливерпул се искачи на петтото место на табелата во Премиер лигата со 42 бода, додека Манчестер јунајтед е трет со 49 бодови.
Поразот 0:7 од Ливерпул е најголемиот пораз на Манчестер јунајтед во последните 92 години и најлошиот резултат на клубот во историјата на Премиер лигата
Воедно, 0:7 е повторување на најлошиот резултат на Манчестер јунајтед во целата историја на клубот. Клубот три пати загубил со 7:0. Од Блекбурн во 1926 година, Астон Вила во 1930 година и Вулверхемптон во 1931 година.