Лукаревска: СДСМ ја поддржува идејата за укинување на Балансерот

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска рече дека и социјалдемократите ја поддржуваат идејата за укинување на Балансерот, механизмот за правична и соодветна застапеност во јавната администрација.

„И ние сме за укинување на Балансерот. Балансерот мора да претстави соодветен систем на наградување, но со строги критериуми. Од друга страна, треба да оставиме Уставниот суд да ги носи одлуките и ниту една политичка партија да не се меша во донесувањето на оваа одлука“, рече Лукаревска во „Дневен клик“.

Лукаревска зборуваше и за проблемот со Бугарија и актуелната реторика на ВМРО-ДПМНЕ кон источниот сосед.

„Рамката и припаѓа на ЕУ и не е билатерално прашање. Сите политички фактори се согласни дека патот кон ЕУ никогаш не бил прав, ниту лесен, ниту без пречки, особено за Македонија.

Ако погледнеме што се случи на парламентарните избори за евроскептицизмот кој беше евидентен во сите наши можни анкети, народот е прилично уморен од другите пречки. Да поминат уставните амандмани ќе продолжиме по патот кон ЕУ и затоа толку многу инсистиравме да се отворат уставните амандмани и потоа да се отворат поглавјата и да бидеме дел од ЕУ.

Бранот дека не прифаќаме ништо под бугарскиот диктат, и кампањата што ја водеше тогашната опозиција, а сега гледаме поинаква реторика и да разбереме дека ќе треба да бараме европско решение за проблемот. и поддршка од ЕУ“, рече Лукаревска.