Мажите би дале се за да бидe нивнa – но залудно: Згодната водителка го сака ова момче 

Британската водителка Вик Хоуп беше вистинска атракција таа вечер…

И оваа година се одржа традиционалната церемонија на доделување на наградите „Жените на годината од Харперс Базар“.

Настанот е посветен на истакнати жени кои со својата работа и посветеност направија големи промени во заедницата.

На големата церемонија присуствуваа големи ѕвезди, а меѓу нив беше и британската водителка  на вести Вик Хоуп.

Таа за таа прилика облече макси фустан во зелена боја со потпис на познатата модна куќа „Версаче“.

Фустанот е струкиран и на тој начин ја истакна фигурата на британската водителка.

Вик го комплетираше целото издание со ненападни асесоари, шминка во „nude“ тонови и малку залижана фризура.

Инаку, Вик Хоуп својата кариера ја започнала за време на студиите, па кога имала само 19 години, работела во независниот емигрантски весник на англиски јазик, 
The Argentina Independent .

Подоцна својата кариера ја насочува кон радио и ТВ новинарството, градејќи го успешно во Велика Британија.

Студирала современи јазици на Универзитетот во Кембриџ, зборува шпански, француски и португалски.

Покрај тоа што е успешна во бизнисот, таа е успешна и во љубовта. Минатата година се омажи за светски познатиот диџеј Калвин Харис