Мажите кои ги изневеруваат своите жени секогаш им го купуваат овој подарок: Работела во продавница за подароци и веднаш ги препознава прељубниците

Поранешната вработена во Шанел, Шенон Хил, тврди дека таа и нејзините колеги отсекогаш знаеле кога машки купувач е неверен на Божиќ, а еден посебен подарок бил јасен знак.

Таа раскажала како почнала да работи во продавница за луксузна стока кога имала 19 години, па тврди дека за време на долгогодишната работа научила да ги препознава сите видови клиенти, вклучително и сопрузи кои ги изневеруваат своите сопруги, пишува Mirror.

„Имам мала приказна, малку ситници за вас, ако сакате, за тоа што им купуваат сопрузите не само за своите сопруги, туку и за своите љубовници“, откри Шенон на TikTok.

Таа сподели дека продавницата во која работи има зачувано податоци за сите претходни набавки, каде што можете да ги најдете производите што жените ги купуваат, а потоа нивните партнери избираат подароци врз основа на таа листа.

Потоа објасни дека често се случува некои од нив да изберат ист парфем и за сопругата и за својата љубовница и додаде дека причината за тоа е сосема јасна. „Тие не сакаат нивната љубовница да мириса поинаку за да не можат нивните сопруги да ги фатат“, рече Хил.

Продавачката исто така изјави дека тоа е секогаш истиот парфем – Coco Mademoiselle.

„Никогаш не е Шанел 5, тие го купуваат за своите мајки. Никогаш не прават исклучок, секогаш е исто“, вели Хил во видеото кое собра илјадници лајкови и коментари.

„Колку е слатко кога мажот и’ купува на сопругата не еден, туку два парфеми“, се пошегува еден корисник. „Работев во продавница за накит и се случи истото – тие го купија истиот подарок за своите сопруги и љубовници “, коментира друг. „Така поранешниот маж ми подари подарок наменет за љубовницата. Разбрав затоа што не носам XS големина на џемпер“, додал третиот.