Најпознатиот доктор ја измисли најдобрата диета: Килограмите исчезнуваат а јадете и ноќе – ,,Не е совршена но функционира”

Тим Спектар е прославен британски епидемиолог и научник кој во далечната 1992 година спроведе студија на 15.000 близнаци, при што беше откриено многу за наследни болести и нарушувања.

Овој научник го застапува ставот дека микробите влијаат на менталното здравје, но и на долговечноста. Тим не сака диети со малку маснотии. Тој препорачува разновидна исхрана, многу влакна и медитеранска исхрана со многу јаткасти плодови и маслиново масло.

Тој за Inews изјави како изгледа неговиот ден, што јаде и како вежба.

6.50: Станувам од кревет и пијам шолја црн чај. Потоа, половина час возам на велосипедот за вежбање или некоја вежба во која уживам. По туширањето медитирам 20 минути и потоа почнувам да работам.

Кафе

11.30 часот: Појадок

Кефир со одмрзнати боровинки со мешавина од јаткасти плодови и семки, со црно кафе. Продолжувам да работам, но станувам да се движам на секои половина час – иако неодамна научив дека тоа треба да биде на секои 20 минути – дури и само за минута или две. Ќе се истегнам или само ќе станам. Ќе трчам по скалите, ќе си земам уште едно црно кафе, а потоа ќе трчам назад во мојата канцеларија.

14:00 часот: Ако сум дома, ова е време кога обично ручам. Потоа јадам домашен леб што го месам со многу семки и домашна супа со многу зеленчук. Тоа е комбинација од домати, пиперки, кромид, лук, малку зелка, леќа, спанаќ – сè што имам дома ставам во тенџерето и правам супа. Кога работам во болница цел ден, наместо сендвич ќе јадам овошје и мешани јаткасти плодови.

17:00 часот: Повторно медитирам 20 минути. Тоа е нешто што го правам од 18 години и ми помага да се фокусирам и да се опуштам.

18.30: Ќе си ја завршам работата и пијам чаша црвено вино или пиво. Ќе почнам да подготвувам вечера.

Откако станав вегетаријанец во последниве години, јадам многу зачинет зеленчук што го купувам од локалните продавници за храна.

20.30: Многу патувам, па кога сум дома уживам да се релаксирам на софата и да гледам филм или ТВ серија.

22:00 часот: Легнувам во кревет, го ставам телефонот на „Не вознемирувај“, го оставам на подот и не го гледам до следното утео. Читам половина час и го завршувам денот.