Македонските футсалци ја победија Шведска и ги задржаа шансите за пласман во главните квалификации за СП 2024

Македонската футсал репрезентација вечерва ја победи Шведска со 3:1 во 4. коло од Групата-10 во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2024.

Головите за „црвено-црните“ ги постигнаа Ранготов во 21. и во 26. минута и Леовски во 39. минута. За гостите погоди Диаз во 30. минута,

Со оваа победа Македонците ги задржаа шансите за второто место кое обезбедува бараж за главните квалификации.

На табелата во групата 10 лидер е Италија со 7 бода од три натпревари, Македонија има 4 бода од четири натпревари, Шведска е со 3 бода од три натпревари.