Малолетник претепан во скијачкиот центар во Попова Шапка

На 28.01.2023 во 16.00 часот во Полициска станица Тетово А.И.(59) од Скопје пријавила дека околу 13.30 часот во скијачкиот центар во Попова Шапка нејзиниот малолетен внук од Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.