Заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександар Марченко за радио-програмата на BBC зборуваше за ситуацијата во градот велејќи дека има борби на улиците.
-Во градот има борби, а има и улични борби, но благодарение на украинските вооружени сили тие сè уште не ја презеле контролата над градот, вели Марченко.
Тој за рускиот напад рече:
-Нивната единствена цел е убивање луѓе и геноцид врз украинскиот народ…тактиката што ја користат Русите е тактиката на исушена земја. Сакаат да го уништат Бахмут, сакаат да го уништат градот…и искрено не можам да разберам зошто го прават тоа.