Мбапе го пропушта натпреварот на сезоната

Килјан Мбапе синоќа ги доживеа најбизарните 11 минути во кариерата на мечот од 21. коло на шампионатот Монпеље – ПСЖ (1:3).

ПСЖ доби пенал во 10. минута, а топката ја зеде Мбапе. Голманот на домаќините Бенжамен Леконт го одбрани неговиот удар, но тој стоеше надвор од линијата, па судијата реши да го повтори пеналот. Но Леконт уште еднаш го одбрани ударот на одличниот напаѓач, а одбиената топка од стативата Мбапе ја испрати над голот од непосредна близина. Да биде работата уште полоша, Мбапе се повреди во 21. минута и мораше да ја напушти играта.

Сега L’Equipe пишува дека лекарските прегледи покажале дека Мбапе има посериозна повреда на левото бедро и дека ќе мора да мирува две недели. Ова значи дека пропушта три важни натпревари. Освен домашниот првенствен натпревар со Тулуз, тој нема да ги игра дербито со Марсеј во осминафиналето на купот и првенствениот натпревар со Монако, но најверојатно првиот од двата натпревари на сезоната, осминафиналето од Лигата на шампионите против Баерн.

L’Equipe забележува: „Мбапе досега покажа дека е способен брзо да се опорави од повредите, така што сè е можно, но оваа повреда не е безопасна“. Ова е огромен удар за ПСЖ бидејќи Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, а оваа сезона на 26 настапи за ПСЖ постигна 25 и намести 6 гола.