Меган Маркл е голем љубител на чевли со ниска потпетица. Во нејзината гардероба има штикли од многу познати дизајнери, од Џими Чу до Кристијан Лубутен.
Откако роди две деца и се посвети на семејниот живот во Калифорнија, Меган Маркл и дава приоритет на удобноста.
Затоа не е чудно што во ретките моменти во кои се појавува во јавноста избира облека и чевли во кои се чувствува удобно.
Таа неодамна беше снимена на прославата на Меѓународниот ден на жената во Западен Холивуд.
За таа прилика избра многу едноставно и елегантно издание во црна боја, составено од тесни панталони, пуловер и предимензиониран капут Max Marina до колена.
Изданието го заокружи со неколку впечатливи парчиња накит, чанта Шанел, очила за сонце и мокасини од телешка кожа од италијанската модна куќа Валентино.
Чевлите во боја на слонова коска и ниска потпетица визуелно ги издолжуваат нозете и целата фигура, дури и ако изберете модел со рамен ѓон. Затоа, не е чудно што и најголемите љубители на штикли сакаат да носат ваков тип на сандали.
Мокасините Roman Stud во боја на слонова коска одлично се комбинираат со елегантни панталони, лежерни фармерки, но и лелеави здолништа и фустани. Нивната обожавателка е и американската манекенка и актерка Оливија Кулпо.