Метју Пери беше погребан на посебно место со емотивна песна која ги расплака сите присутни (ФОТО/ВИДЕО)

На последното збогување на актерот Метју Пери,  беше пуштена песната „Don’t Give Up“, чиј текст ја расплака публиката.

Песната на Питер Габриел и Кејт Буш е неофицијална химна на сите оние кои се борат со различни форми на зависност, а  познато е дека Пери со години имал проблеми со дрогата и алкохолот. 

 

Погребот се одржа во петокот на гробиштата Форест Лон во Лос Анџелес, на кој присуствуваа само членовите на неговото семејство и актерската екипа на „ Пријатели “.

Церемонијата се одржа во тајност

Церемонијата траеше еден час и се одржа во тајност шест дена откако актерот беше пронајден мртов во својот дом.

Пери беше погребан на гробиштата спроти студиото на Ворнер Брос, каде што се снимаше серијата „Пријатели“ повеќе од десет години. На овие гробишта се погребани многу познати личности како Пол Вокер и Британи Марфи.