Момче (14) му ги закла 6-те кучиња на соседот! Невидено злосторство во Босна и Херцеговина, фотографиите ги згрозиле сите

Во областа Широки Бријег, оваа недела се случи невидена суровост кон животните.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, 14-годишникот буквално  заклал шест кучиња сопственост на неговиот сосед, пренесува Српскаинфо.

Вознемирувачки фотографии од животни со исечен врат ја шокираа јавноста. Наводно, малолетникот ова го направил откако едно од кучињата претходно удавило три кокошки во неговата населба.

Како што дознава Аваз, овој болен настан не бил пријавен во полиција. Но, Јосип Аничиќ, дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на Западно-Херцеговинскиот кантон, изјави дека ќе се формира предмет во врска со овој страшен случај.

– Дефинитивно ќе формирам тема врз основа на медиумските извештаи и сознанија – изјави Аничиќ.

Инаку, злоупотребата на животните најчесто е показател за психичко нарушување на личноста.