Милер постави рекорд за најмногу одиграни сезони во Баерн

 – Напаѓачот на Баерн, Томас Милер постави рекорд на минхенскиот клуб во германското фудбалско првенство.

Триесет и тригодишниот Германец игра во 16 последователни сезони. Тој вчеравечер  влезе како резерва на натпреварот од 1. коло на Бундес лигата против Вердер Бремен.

Милер за прв пат играше за Баерн во август 2008 година, кога тренер на тимот беше Јирген Клинсман.