Министерката Јованка Тренчевска во работна посета на Србија

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска од денеска до петок на покана на српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања Никола Селакович престојува во работна посета на Република Србија.

Посетата на министерката Јованка Тренчевска започнува со билатерална средба со српскиот министер Никола Селакович во Владата на Република Србија, по што се планирани изјави за медиумите.

Од Министерството за труд информираат дека Јованка Тренчевска ќе присуствува и на презентација на систем за заштита и дигитализација на инструментите за социјална заштита (СОЗИС), којшто е наменет за работа на центрите за социјална работа и системот – Социјална карта кој служи за подобра распределба на средствата кои државата ги вложува во правата од социјалната заштита.

Согласно агендата, министрите ќе посетат и центар за социјална работа каде се имплементира новиот софтер, а последниот ден од посетата, Јованка Тренчевска ќе посети и јавна предучилишна установа во Земун.