Младо лице обвиено со албанско знаме бесно ја откорнува таблата од зградата на српскиот конзулат и ја фрла на улица, во јавноста протече ВИДЕО од целиот настан
Скопското славење на албанското албанското знаме проследено со немили настани во главниот град, газење на македонско знаме и рафали од огнено оружје, имале своја немила епизода во Куманово. Имено, според реакцијата на српската Амбасада во Македонија вчера во Куманово младо лице обвиенот со албанско знаме насилно ја отстрани таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.
Од видеото кое беше објавено на сrbinmk кој е офијален иснстаграм канал на српската амбасада може да се види машко лице како со мобилен телефон во рацете се движи по улицата, стигнува до зградата на конзулатот во Куманово и насилно почнува да ја трга и корне таблата. Откако ја завршува “задачата” ја фрла таблата на улица и си заминува.
На тоа денес со свое соопштение реагираше српската амбасада во Скопје во кое се вели дека “Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера, 28 ноември 2024 година, кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово на чело со почесниот конзул, во доцните вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстрани таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик”
Го пренесуваме во целост соопштението кое беше испратено до медиумите:
„Притоа, Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува длабока загриженост во врска со вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозување на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово, особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и резиденцијални објекти наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Република Србија, не е првпат да бидат предмет на вандалски напади на територијата на Република Северна Македонија. Во овој поглед, Амбасадата нагласува дека е целосно посветена на соработка со надлежните органи на Република Северна Македонија, со цел што поскоро откривање и процесуирање на сторителот на насилниот чин, чиј идентитет може недвосмислено да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносни камери“, велат од српската амбасада.
Амбасадата на Република Србија останува посветена на негување пријателски односи со Република Северна Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат се за да се реши овој случај на адекватен начин. Но, имало и оштетени возила за што полицијата приведе едно лице во Куманово, се вели во соопшението.
Во текот на денешниот ден на социјалните мрежи се појавија и други снимки од вчерашното славење на Денот на албанското знаме. Биле оштетени шест автомобили.
“На 28 ноември во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме”, се наведува во полициското соопшение.
“За време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола”, информираше кумановската полиција.
Според меѓународното право зградите на амбасадите и на дипломатско-конзуларните претставништва во друга држава имаат третман на екстериторијалност. Оттаму, ваквото насилно симнување на таблата од зградата на српскиот конзулат во Македонија е многу повеќе од насилно однесување на поединци кои учествулале во настаните поврзани со прославата на денот на албанското знаме.