Модриќ го напушта Реал на лето? Шпанците открија кој треба да ја добие неговата десетка

Шпанскиот Ел Чирингито навести дека ова е последна сезона за Лука Модриќ во Реал. Шпанците пишуваат дека најверојатно Килијан Мбапе на лето ќе се пресели во Реал како слободен играч и дека од хрватскиот играч ќе го преземе бројот 10. Мбапе не сака да потпише нов договор со ПСЖ и тоа е сосема сигурно дека Флорентино Перез во јануари 2024 година ќе започне преговори со фантастичниот Французин.

Мбапе го носи дресот со број 7 во ПСЖ, кој е окупиран од Винисиус Жуниор во Реал Мадрид, а Бразилецот неодамна потпиша продолжување на договорот. Договорот на Модриќ со Реал истекува во летото 2024 година.